ЗДРАВЈЕ

Пет придобивки од копривата: Таа е вистинско богатство на здравјето

Копривата е диво растение кое се консумира. Корисни делови на растението се листовите, корените и семките на копривата. Популарно е уште од античко време, па Египќаните го користеле за лекување на тегоби предизвикани од артритис и болки во долниот дел на грбот.

Листовите имаат влакнеста текстура и убод, предизвикувајќи чешање, црвенило и оток. Меѓутоа, кога се обработуваат, сушат, замрзнат или варат, копривата може безбедно да се конзумира. Студиите ја поврзуваат со бројни потенцијални здравствени придобивки.

Според „Healthline“, ова се пет докажани придобивки од копривата:

1. Содржи бројни хранливи материи
Листовите и корените на копривата содржат бројни хранливи материи како што се витамините А, Ц и К и некои витамини од групата Б, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и натриум.

Содржи линолна, линоленска, палмитинска, стеаринска и олеинска киселина, како и сите есенцијални амино киселини. Многу од овие хранливи материи делуваат како антиоксиданти во нашето тело, помагајќи да се заштитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали.

2. Може да го намали воспалението
Копривата содржи различни соединенија кои можат да го намалат воспалението. Во бројни животински и лабораториски студии, копривата го намалила нивото на воспалителните хормони попречувајќи го нивното производство. Во студиите со луѓе, се чини дека нанесувањето крем од коприва или консумирањето производи од коприва ги ублажува воспалителните состојби, како што е артритисот.

3. Помага при зголемена простата
Околу 50 отсто од мажите постари од 51 година имаат зголемена простата. Научниците не се сигурни што го предизвикува нејзиното зголемување, но познато е дека може да доведе до значителна непријатност при мокрењето. Неколку студии сугерираат дека копривата може да помогне во лекувањето на зголемена простата. Студиите врз животни покажуваат дека оваа билка може да ја спречи конверзијата на тестостеронот во дихидротестостерон, помоќна форма на тестостерон.

Запирањето на оваа конверзија може да помогне да се намали големината на простатата.

4. Може да го намали крвниот притисок
Копривата може да помогне во намалувањето на крвниот притисок со опуштање на крвните садови и намалување на силата на срцевите контракции. Сепак, потребни се повеќе човечки студии за да се потврдат овие ефекти.

5. Го намалува шеќерот во крвта
Според некои студии, копривата содржи соединенија кои го имитираат дејството на инсулинот. Иако копривата може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта, потребни се повеќе човечки истражувања пред да се дадат какви било препораки.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close