ЗДРАВЈЕ

Кои се здравствените придобивки од возење велосипед? На организмот му треба оваа активност!

Доколку автомобилот го замените со велосипед веројатно е дека побрзо ќе стигнете на работа, бидејќи користите мрежа на велосипедски патеки, избегнувате гужви, притоа не мора да плаќате паркинг ниту бензин, да се грижите дали прописно сте се паркирале, или не дај боже “пајак” ви ја собрал колата!

Настрана од индивидуалните придобивки, со велосипедот како превозно средство нивото на загадување и бучава се намалува, имаме побезбеден и еколошки транспорт, што севкупно влијае да имаме почист и поубав град.

Нема подобро превозно средство од велосипед, за на работа, за прошетка, за на кафе со пријателите, за на факултет… велосипедот е најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек и на еден град!

Во продолжение се четирите главни здравствени придобивки од возењето велосипед:

Велосипедот ја подобрува работата на срцето. Ова симпатично превозно средство на две тркала помага во намалување на крвниот притисок дури до 30%, и директно придонесува да имаме поздраво срце.

Се чувствувате подобро и со поголема самодоверба. Одберете си секојдневна рута која ќе ја возите со велосипед.

Докажано е дека со секојдневно и континуирано возење се лачат хормони кои ви создаваат чувство на опуштеност и среќа, што е нешто драгоцено во денешното стресно секојдневие!

Помага при намалување на тежината Ако целите кон тоа да се ослободите од вишокот килограми, возење велосипед ќе ви биде корисна алатка.

Помага при намалување на болки од повреди. Луѓето со повреди на колената или остеоартритис, докажано е дека чувствуваат намалување на болката кога во својата секојдневна рутина вклучуваат возење велосипед.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close