ЗДРАВЈЕ

Кафе или газирани сокови: Што е помалку штетно за нашиот организам?

Умереното консумирање на кафе може да има некои потенцијални здравствени придобивки. Кога станува збор за избор помеѓу кафе и газиран пијалок, на интернет има многу информации за нивната потенцијална штетност на човечкото тело. Но, дали некогаш сте се запрашале што е помалку штетно или дали воопшто се штетни? Што е подобро – кафе или газирани сокови?

Кафето, за разлика од газираните сокови, често се наведува како пијалок кој може да обезбеди одредени здравствени придобивки, под услов да се консумира умерено.

Истражувањата покажаа дека умереното консумирање кафе може да го намали ризикот од одредени болести како што се дијабетес тип 2, Паркинсонова болест и одредени видови на рак.

Препорачаната дневна доза на кафе варира во истражувањето, но обично се движи помеѓу две и четири шолји кафе, односно од 200 до 400 mg кофеин дневно. Сепак, експертите истакнуваат дека е важно да се прилагоди внесот на кофеин според индивидуалните потреби и чувствителноста на организмот.

Прекумерното консумирање кофеин може да предизвика несакани ефекти како што се несоница, анксиозност, дигестивни проблеми и зголемен крвен притисок. Дополнително, ако додадете шеќер, млеко или други засладувачи во вашето кафе, тоа може да го зголеми внесот на калории и негативно да влијае на вашето здравје.

Кога станува збор за газираните сокови, тешко е да се најде нивното позитивно влијание врз човечкото тело. Овие пијалоци обично содржат високо ниво на шеќер, вештачки засладувачи и адитиви.

Прекумерното внесување на газирани сокови е поврзано со зголемен ризик од дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и други здравствени проблеми. Исто така, високата содржина на шеќер и киселоста во газираните сокови може да има негативно влијание врз здравјето на забите.

Накратко, умереното консумирање кафе може да има некои потенцијални здравствени придобивки, додека прекумерното консумирање на газирани сокови може да биде штетна поради нивната висока содржина на шеќер и адитиви.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close