ЗАНИМЛИВОСТИ

Жените во Танзанија се венчаат една со друга! Воспитуваат деца и делат работа, но не и кревет!

Во Танзанија хетеросексуалните жени се венчаат една со друга од практични причини – да имаат од што да живеат ако се вдовици. Не е познато кога и како започнала оваа необична практика, но жените во северна Танзанија се венчаат една со друга, пишува Marie Claire.

Традицијата се нарекува „Nyumba ntobhu“ (куќа на жените), а ја следат и припадниците на племето Курија.
Оваа практика им овозможува на жените да се венчаат една со друга за да можат да го задржат својот имот доколку повеќе немаат сопрузи.

Во овие бракови, жените живеат, готват, работат и одгледуваат семејства заедно – понекогаш дури и спијат во ист кревет, но немаат односи.

Жените кои немаат сопрузи или оние кои се вдовици и немаат синови можат да се венчаат за помлада жена. Жената која живее во заедница со други жени може да најде љубовник или повторно да се омажи.

Племенските водачи на племето Курја веруваат дека овие истополови бракови го решаваат проблемот со вдовицата бидејќи вдовицата може да го задржи својот имот и не станува товар за племето кога ќе остари.

Исто така, многу мажи од ова племе не сакаат да се венчаат за вдовици и постари жени.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close