ЗАНИМЛИВОСТИ

Дали знаете зошто се оставаат чоколадца на креветите во хотелите? Информација зад која се крие убава љубовна приказна

Во хотелските соби ширум светот, практика е новите гости да се пречекуваат со чоколадца на креветот. Зад оваа шармантна традиција се крие една фасцинантна приказна.

Чоколади на перница може да се најдат во многу хотели, не само во луксузни.

Но, самото присуство на чоколади на перницата не е сигурен показател за квалитетот на хотелот, според германскиот магазин Феникс.

чоколадца на креветите во хотелите

Според експертите за патувања, потеклото на оваа традиција потекнува од американскиот град Сент Луис.

Имено, во педесеттите години на минатиот век, холивудската ѕвезда Кери Грант резервирал апартман во пентхаус во луксузниот хотел Мејфер во Сент Луис. Познатиот актер тајно се сретнал со љубовницата во хотел. За да ја изненади, ставил чоколадца од дневната соба до перницата на креветот.

Менаџерот на хотелот го забележал овој романтичен гест на атрактивната холивудска ѕвезда. Подоцна, тој самиот почнал да става чоколади во хотелските соби. Имено, тој сакал да им посака слатко добредојде на гостите од хотелот.

Другите хотели во САД и ширум светот го следеа примерот, создавајќи традиција што продолжува до ден-денес.

Интересно е што овој гест за добредојде беше привремено прекинат во хотелот Мејфер, но беше вратен откако беше купен од Мериот во 2014 година и преименуван во Магнолија Сент Луис.

Така, следниот пат кога ќе најдете чоколадца на вашиот хотелски кревет, ќе знаете дека тоа е слатко изненадување базирано на прекрасна љубовна приказна.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close