Сакате да придонесете кон зачувување на животната средина и да оставите позитивен печат во вашата локална заедница? На вистинско место сте! dm дрогерие маркт распишува конкурс за пријавување на иновативни, зелени и одржливи проекти, чија реализација ќе биде поддржана од компанијата! Конкурсот ќе трае од 10 февруари до 21 март, а на него можат да се пријават сите здруженија, институции, единици на локална и регионална самоуправа како и непрофитни правни лица (здруженија и фондации) и други регистрирани непрофитни правни лица.
Целта на конкурсот е да се одберат и поддржат проекти кои придонесуваат кон зачувување на природата и заштита на животната средина, преку намалување на загадувањето, справување со климатските промени и кревање на јавна свест, или пак промоција на одржлив развој.
На конкурсот можат да бидат пријавени проекти во една од двете предвидени категории: заштита на животна средина и одржливост и образование. Идеите ќе се оценуваат во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата и заедницата во која живееме. Пријавата на конкурсот се врши преку онлајн-формулар кој е достапен и се пополнува на интернет страницата www.dm-zaedno.mk. На линкот можат да се погледнат подетално условите за пријавување на конкурсот, како и да се добијат информации за потребната содржина на пријавата.
Предлагачите на избраните проекти ќе бидат известени за статусот не подоцна од 22 април 2025 и ќе добијат информации за понатамошната реализација на конкурсот.
dm ќе обезбеди поддршка на избраните проекти преку финансирање на услуги, материјали и опрема за реализација на проектот или директна уплата на средства на сметката на носителот на проектот. Бројот на проекти избрани за реализација не е однапред дефиниран, а начинот на поддршка на избраните проекти ќе биде дополнително одбран од страна на распишувачот на конкурсот.
Сите прашања поврзани со пријавата и критериумите за избор можат да се упатат преку е-маил адресата: zaedno@dm.mk.