Две цимерки готват виршли. Првата ги зема виршлите, отсекува по едно парче од двата краја и ги става во тавче за готвење. Втората прашува:
– Зошто ги сечете виршлите од двата краја и така ги готвите?
Првата се збунета, искрено и одговорила:
– Уф, немам поим, мајка ми секогаш го прави тоа…
За време на викендот, девојката оди дома и ја прашува мајка си:
– Мамо, кажи ми зошто, кога готвиш виршли, секогаш ги сечеш двата краја?
И мајката се збунува и вели:
– Па, мајка ми односно баба ти секогаш така правеше…
Тогаш девојката ја прашува бабата која живеела со нив и излегува дека тоа е некаква семејна традиција, бидејќи и прабабата, која сега е сместена во дом, им ги отсекувала краевите на виршлите пред да готви.
Девојката решава да ја посети својата прабаба во домот, решена да ја разјасни работата со виршлите. Прабабата била воодушевена од посетата, времето поминало во муабет, а девојката во еден момент прашала:
– Кажи ми зошто краевите на виршлите мора да се отсечат пред да се готват?
Прабаба замолкнала, ја погледна и и вика:
– Што! Уште не сте купиле поголема тава?