Тип вози 200 km на час. Го запира полицаец:
– Добро господине, свесни ли сте дека возите 200 km на час!?
– Да, да, и Вие би возеле 200 km на час да сте на мое место!
– Зошто?
– Па ја убив жена ми и мајка и, а сега тие се во багажникот, нормално брзам да се ослободам од нив!
Полицаецот во паника го вперува пиштолот во човекот и вика засилување.
Откако стигнале уште петмина полицајци, тој им рекол да го отворат багажникот. Кога го отвориле во него немало ништо.
Типот, потпрен на полициската кола, ладнокрвно вели:
– Да бе, сега останува овој ваш фантазер да измисли дека сум возел 200 km на час!!!
14