ВИДЕА

Во овој европски град луѓето после работа влегуваат во реката и пливаат до дома (ВИДЕО)

Во швајцарскиот град Базел голем број луѓе пливаат во реката во работните денови. Во летните месеци, жителите на швајцарскиот град Базел шетаат по улиците на градот со светли чанти во форма на риба. Wickelfisch е всушност водоотпорна торба која ја користат за складирање на работи кога ќе одлучат да пливаат во реката Рајна.

Оваа голема река е извор на забава за многу граѓани на Базел во текот на летните месеци. Иако просечната летна температура во Базел е 26 Целзиусови степени, многу луѓе избираат да пливаат во брзата и бурна река.

Често ќе видите бизнисмени како ги соблекуваат оделата после работа на брегот на Рајна, ги ставаат во водоотпорна кеса и пливаат накај своите домови.

Некои тврдат дека на овој начин сакаат да се опуштат после работа, а други сакаат да го избегнат сообраќајниот метеж во градот со околу 170.000 жители.

Најголем број капачи пливаат во делот помеѓу мостовите Шварцвалд и Јоханитеров.

Не само што темпераментната река Рајна е наменета за одлични пливачи, туку и околу неа нема спасувачи. Оние што се одлучуваат да пливаат, го прават тоа на сопствена одговорност.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close