СВЕТ

Српски чипс уништен во Хрватска – пронајдено високо ниво на канцерогена супстанца

Ребрести чипсови со вкус на пиперка од 150 грама од Чачанскиот производител Chips way, при извозот во Хрватска, било откриено дека содржи недозволено количество акриламид, дознава N1 од Државниот инспекторат на Хрватска.

Како што објавија некои медиуми, Хрватската агенција за храна објави дека се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, пржени компири, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Во соопштението на Министерството за земјоделство, се наведува дека по добиеното известување RASFF за зголемено ниво на акриламид во чипсот од прехранбениот производ со вкус на пиперка произведен во Србија, земјоделската инспекција издала наредба за вонредна контрола на погонот за производството на спорниот производ.Станува збор за производителот Chips way d.o.o. од Чачак и производот „CHIPS Bits & Bytes ribbed paprika’ во пакување од 150 грама“, стои во одговорот на Државниот инспекторат на Хрватска.

Овие чипсови со вкус на пиперка имаат рок на траење до 25 декември 2023 година.

Бар-кодот на производот е 3 856025 853261, серија L28062023 (L280623 A09:31).

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close