СВЕТ

Русија се огласи за ситуацијата на Косово

Европската унија со години ја обликува актуелната ситуација на Косово, изјави официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Зошто мислите дека ЕУ не прави ништо? Токму оваа ситуација ја обликува ЕУ со години – напиша таа на својот канал на Телеграм.

Претходно, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, се виновни што ја доведоа ситуацијата до работ на војна и ја обвини ЕУ дека не презема ништо за да го спречи тоа.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close