СВЕТ

Овци изеле сто килограми канабис

Овчар во Грција во регионот на Магнезија бил изненаден од однесувањето на своите овци веднаш откако ги извадил на пасење. Имено, утврдено е дека стадо овци провалило во стаклена градина во која се одгледува канабис за фармацевтски цели и изелe речиси 100 килограми од ова растение, пренесува порталот Greekreporter.

стадо овци

Сопственикот на стаклена градина не можел да им поверува на своите очи кога дознал дека неговото производство на канабис претрпело големи штети од невремето, а потоа и овците кои дошле да се хранат со остатоците.

„Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме силни топлотни бранови и изгубивме дел од производството. Имавме поплави и уништија друг дел. И сега после сето тоа имаме стадо овци, кое влегло во објектот и почнало да го јаде тоа што останало. Искрено, не знам што да кажам“, вели сопственик на лиценцирана фарма за канабис.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close