СВЕТ

Ни се приближува астероид со големина на облакодер

Астероид со големина на облакодер вечерва поминува покрај Земјата на релативно кратко растојание (нешто повеќе од два милиони километри), процени НАСА.

Ова небесно тело, означено како 2022 RM4, беше откриено минатиот викенд и поради неговите параметри (помеѓу 330 и 740 метри) се смета за потенцијално опасно. Додека утре ќе помине покрај нашата планета, во еден момент ќе се приближи не поблиску од 2,3 милиони километри, што е шест пати повеќе од растојанието на Месечината од Земјата.

2022 RM4

Американската вселенска агенција (НАСА) ги означува како потенцијална закана сите астероиди кои се во радиус од околу 7,5 милиони километри и имаат димензии од најмалку 140 метри. Многу астрономи ги следат таквите вселенски објекти за да се уверат дека нивните орбити се правилно пресметани.

Во септември НАСА го „насочи“ астероидот Диморфос со роботско вселенско летало за да тестира колкаво влијание ќе има на неговата траекторија. Проектот ги истражи можните дејствија што треба да се преземат за да се спречи евентуален катастрофален судир, доколку човештвото успее навреме да ја открие заканата и да иницира соодветни контрамерки.

НАСА оцени дека оваа мисија била успешна бидејќи го докажала можниот концепт за заштита на планетата од удар. Леталото ја намали орбитата на астероидот од 11 часа и 55 минути околу неговиот матичен астероид за 32 минути.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close