СВЕТ

Германија уапсила вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија

Германски државјанин идентификуван само како Томас Х. е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти.

Германскиот сојузен обвинител во кусо писмено соопштение наведе дека човекот работи за германската армија, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка на Армијата.

Од мај, тој човек во неколку наврати самоиницијативно се обратил до рускиот конзулат во Бон и до руската амбасада во Берлин, нудејќи соработка.

Истрагата беше спроведена во тесна соработка со Федералната канцеларија за воено контраразузнавање и домашната разузнавачка служба на Германија, Сојузната служба за заштита на Уставот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close