СВЕТ

Франција нуди дополнителна поддршка за Украина – воздушна одбрана од беспилотни летала

Франција вети системи за противвоздушна одбрана за заштита на украинските градови од напади со беспилотни летала, како и проширена програма за обука на украинските војници.
Франција се обидува да ја промени перцепцијата дека владата на францускиот претседател Емануел Макрон заостанува во воената поддршка за Украина против руската инвазија.

Околу 2.000 украински војници ќе бидат вклучени во воените единици во Франција, кои ќе ротираат во текот на неколкунеделната борбена обука за логистика и опрема доставени од Франција, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.

„Го гледаме фактот дека војната ќе трае. И новата генерација војници мора да биде обучена да издржи исцрпувачки битки“, рече министерот.

Проширената обука што Франција сега ја нуди е „многу важен чекор“, рече министерот, додавајќи дека батериите за противвоздушни ракети „Кротале“ што Франција се подготвува да ги испрати во Украина „ќе бидат особено корисни во борбата против беспилотните летала и воздушните бомбардирања.“.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close