МАКЕДОНИЈА

Виталиа активно ги поддржува младите македонски кошаркари во пресрет на Европското првенство 2023

Македонија ова лето е домаќин на Европското првенство во кошарка 2023, а сите љубители на спортот ќе може да ги проследат натпреварите во машка конкуренција до 16 години од А дивизија од 5 до 13 август, на две локации – СЦ Кале и СЦ Борис Трајковски.

Компанијата за здрава храна Виталиа активно ја поддржува организацијата на Европското првенство во кошарка 2023 и го охрабрува успехот на македонската млада кошаркарска понудат свежа доза енергија, секогаш кога им е потребна.

Производите на Виталиа се формулирани со внимателно одбрани состојки од врвен квалитет, за да им обезбедат на спортистите здрав извор на корисни состојки кои треба да ги внесуваат секојдневно.

“Во Виталиа, секогаш се трудиме да го прошируваме нашето портфолио на здрава храна, за да го задоволиме разнообразниот вкус на спортистите. Нашите производи не само што ќе ги задоволат нивните вкусовите, туку и ќе одговорат на потребатa за здрав оброк, прилагоден на спортскиот начин на живот. Во иднина, Виталиа ќе продолжи да биде поддржувач на домашниот спорт и да го охрабрува здравиот начин на живот. Се надеваме дека во текот на првенството, нашите производи ќе им понудат сила и елан на спортистите за да ги издржат предизвиците и да посегнат кон нови успеси“, изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска, генерален менаџер на компанијата за здрава храна Виталиа.

На првенството, покрај македонската репрезентација ќе учествуваат уште 15 други репрезентавии од: Белгија, Франција, Грција, Италија, Литванија, Србија, Шпанија, Финска, Германија, Израел, Летонија, Црна Гора, Полска, Словенија, Турција. Сите натпревари на Македонија ќе се одиграат во СРЦ Кале (голема сала).

Распоредот на натпреварите од првата фаза за нашата репрезентација е следниот:
05. август – 18:30 Македонија – Белгија
06. август – 18:30 Франција – Македонија
07. август – 18:30 Македонија – Литванија

На 10, 12 и 13 август започнува втората фаза од првенството и нова група натпревари. Распоредот за овие натпревари ќе биде познат и објавен по комплетирањето на првата фаза.
Повеќе информации за Европското првенство М-16 дознајте на: kfsm.mk.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close