МАКЕДОНИЈА

Од утре променливо време со дожд и засилен ветер и пад на температурите

Од утре до недела под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close