МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

Денеска е 22 август (по стар стил) и се слават Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив.

свети маченик Агатоник

Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан.

Оттука беа препратени во Визант. По патот многу од нив потклекнаа од измачувањата и од исцрпеност, а свети Агатоник со останатите беше убиен пред очите на царот во местото Силим¬врија, во Тракија. Така пострадаа овие свети маченици и се преселија во радоста на својот Господ.

Според народните верувања денеска е убаво да се тргува. Се верува дека ова е време за средби и обнова на пријателствата за сите во мир и благосостојба да влезат во зимата.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close