МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Свети Архангел Гаврил

Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Арханѓел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Свети Архангел Гаврил

Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа. Треба да споделуваме се што имаме со блиските бидејќи ова е празник на споделувањето. Потрудете се утре да направите некое добро дело, па дури и некое симболично. Нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот.

Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.Свети Aрхангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение, како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А на 26-ти јули, црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Девојките не треба да работат денес, посебно не да шијат и плетат, но сепак се верува дека овој ден е погоден за нови почетоци. На светиот ангел Гаврил е добро да се молат и оние кои немаат деца бидејќи се верува дека баш овој ангел е носител на радосни и вести за благосостојба.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close