МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Св. Климент Охридски – Чудотворец. За многу години!

Денес Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ.

Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина…

Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close