МАКЕДОНИЈА

Денеска е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

Успение на Пресвета Богородица

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица, ден кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава. Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната, католичката, источата и коптската. Сите го слават денот на успението на 15 август. Кај православните цркви кои го користат Јулијанскиот календар, оваа дата паѓа на 28. август, а на празникот му претходи 14-дневен пост.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close