РЕЦЕПТИ

Брз мус од бело чоколадо! Слатка симфонија на вкусови на која е тешко да се одолее

Овој рецепт за чоколаден мус ќе го задоволи вашето слатко со минимален труд. Брзо се подготвува, уште побрзо исчезнува од чашата.

мус од бело чоколадо

Потребни состојки:

  • половина чаша слатка павлака
  • половина чаша сечкано бело чоколадо
  • 120 гр крем сирење
  • 1 лажица шеќер во прав
  • половина лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • малку чоколадо

Начин на подготовка:

Изматете ја слатката павлака во тврд шлаг. Белата чоколада растопете ја на пареа, па измешајте ја со ванилата и малку сол. Со миксер изматете го крем сирењето со шеќерот во прав, па додајте го во шлагот, заедно со белото чоколадо. Сè убаво соединете со шпатула, распоредете го во чаши за сервирање, изладете го во фрижидер, посипете со рендано чоколадо (црно заради контраст на декорацијата), јаткасти плодови (бадем, лешник или ореви) или чоколадни трошки, па послужете.

Уживајте!

Напишете коментар

Back to top button
close