Света архиерејска Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица” во Луцерн (20 септември)

На Шеснаесеттата недела по Педесетница, во Неделата пред празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во сослужение со епископот домаќин г. Андреј од Српската Православна Црква и свештенослужители од двете сестрински православни цркви, чиноначалствуваше со Светата архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во Луцерн, Швајцарија.

818855688 122195906798774300 1274780516022516563 n

На Литургијата молитвено присуствуваше многуброен верен народ, дојден од повеќе краишта на Швајцарија, за заеднички да се помоли и да се причести со Пречистите Тело и Чесната Крв Христови.

По благослов на епископот домаќин г. Андреј, епископот г. Марко му се обрати на народот со пригодно слово, во кое говореше за значењето на денешниот евангелски настан, за верата и духовниот живот на православниот христијанин и за важноста на единството и љубовта меѓу верниците. Во чест на празникот потоа беше извршен и чинот на прекршување на славскиот колач.

818988237 122195906486774300 456041066629311820 n

Епископот г. Андреј го претстави епископот г. Марко пред верниот народ, заблагодарувајќи му се за посетата и за одѕивот на поканата за заедничко сослужување и молитвено единство. По Литургијата, старешината на храмот, протопрезвитер Драган Станојевиќ, приреди празничен ручек во чест на гостите и на верниот народ.

795438393 122195906882774300 3968489791891548730 n

Посетата на епископот г. Марко и заедничкото сослужување беа убаво сведоштво за братската љубов, почит и заедништво меѓу православните христијани.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ