МАГАЗИН

Џулија Робертс објави фотографија без трошка шминка и ги разбранува социјалните мрежи (ФОТО)

На фотографиите објавени на Инстаграм актерката Џулија Робертс покажа како изгледа без шминка, во сосема природно издание.

Холивудската ѕвезда Џулија Робертс (56), чија препознатлива насмевка, харизма, убавина и природност со децении се рангирани меѓу најубавите жени во светот, пред своите обожаватели го претстави своето „второ лице“.

Таа објави фотографија без шминка и предизвика апсолутна мешаница. Позитивните коментари само продолжија да доаѓаат.

Фотографијата покажа дека Џулија природно старее и изгледа убаво и без шминка, со едвај забележливи брчки и едноставна фризура.

Покрај објавата, Џилија додаде и најава за својот нов филм. Имено, таа игра во психолошкиот трилер „Остави го светот зад себе“ со познатите колеги Итан Хоук и Кевин Бејкон. Премиерата е закажана за 22 ноември.

На својот Инстаграм профил Џулија објави и симпатична фотографија направена во автомобил. На неа е и во природно издание и со препознатлива широка насмевка.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close