МАГАЗИН

Гламурозната Џеј Ло: Не можеше да не се забележи латино дивата во ова модно издание

Џенифер Лопез беше фотографирана како излегува од својот пентхаус вреден 25 милиони долари на Менхетен овој вторник, а актерката тешко се пропушта поради изданието во кое се појави.

Имено, популарната Џеј Ло за утринското појавување на дожд одбрала гламурозна кафеава бунда, која ја искомбинирала со сива ролка и црни тесни панталони.

Изгледот го комплетираше со бели патики, а носеше и очила за сонце.

Изгледа дека 54-годишната актерка не се откажува од трендот на сезоната наречен „mob wife aesthetic“, односно естетиката на мафијашка жена, која вклучува бунди, златен накит и облека со истакнати логоа.

За гореспоменатиот тренд е одговорна класичната американска драмска серија „Сопранови“. Оваа серија, која многумина ја сметаат за најдобра ТВ серија на сите времиња, стана вирална на TikTok во текот на февруари.

Значајни жени кои ја инспирираат естетиката ја вклучуваат гореспоменатата Кармела Сопрано и членовите на актерската екипа на реалното ТВ шоу „Mob Wives“, како што се Дрита Д’Аванзо и Карен Гравано.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close