МАГАЗИН

Џон Леџенд и Криси Тајген купиле куќа со лебдечка градина: Ја платиле повеќе од 5 милиони долари

Популарниот американски пејач Џон Леџенд, кој се прослави со хитот All of me, заедно со неговата сопруга Криси Тајген, купија куќа во Лос Анџелес која по многу нешта се разликува од просечната, а тоа го покажува и нејзината неверојатна цена од над 5 милиони долари.

Изградена во 1930 година со над 300 метри квадратни, куќата опишана како органска и модерна комбинира модерна и популарна архитектура со природни елементи. Располага со пловечки градини со вграден систем за наводнување и одводнување како и бројни тераси и тремови кои зафаќаат над 200 квадратни метри околу куќата, како и базен и спа во внатрешноста на куќата.

Неговиот ентериер се состои од 4 спални соби, 4 бањи, свечена дневна и трпезарија како и кујна. Се наоѓа на само неколку чекори од познат ресторан во Западен Холивуд, населба во Лос Анџелес, и зафаќа околу 50 метри тротоар.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close