МАГАЗИН

„Брои до 3″ e најновиот сингл на скопскиот рок состав Fiction

Песната е создадена и снимена во периодот април – мај 2023, и продолжува да го негува алтернативниот рок звук на бендот, овојпат збогатен со фанк и фјужн влијанија.

Музиката и текстот за „Брои до 3″ се на гитаристот на бендот, Виктор Захариев, додека за микс и мастерот беше задолжен Раде Биковски.

FICTION - Broi do 3

Освен тапаните, кои се снимани во студиото „Подрумот” на Ангел Ќосев, песната е во целосна продукција на бендот.

Видео спотот за „Брои до 3″, исто така е во целосно самостојна продукција на бендот.

Fiction го сочинуваат: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара, вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиевски – тапани.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close