МАГАЗИН

Адријана Лима ужива со избраникот: Познатиот пар ги затвори устите пред сите кои се сомневаа во нивната љубов (ФОТО)

Адријана Лима важи за една од најубавите жени во светот. Во последно време често е мета на критики во јавноста поради физичкиот изглед, со оглед на тоа што се здебели по третата бременост.

Обожавателите ја критикуваа и поради тоа што наводно користела фотошоп на нејзиниот Инстаграм профил, а коментари имаа и против нејзиниот избраник, филмскиот продуцент Андре Лемер.

Тој и Адријана присуствуваат на сите важни настани, а фановите забележале дека одамна не ги виделе заедно. Сепак, Адријана со својата објава на Инстаграм ги смири сите кои се сомневаа во нивната љубов.

Познатиот пар отиде на концертот на популарниот бенд „Колдплеј“ каде уживаше во неверојатната атмосфера, а насмевките на нивните лица зборуваа повеќе од зборови.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close