ЗДРАВЈЕ

Еве што се случува со нашето тело ако јадеме сладолед секој ден

Навиката да уживаме во сладолед секој ден може да влијае на нашето тело на многу начини, од кои, некои можат да бидат штетни за здравјето.

сладолед

Во некои околности може да ви помогне да изградите мускули

Шеќерите во сладоледот помагаат во градењето мускули и го спречуваат разградувањето на протеините со тоа што предизвикуваат зголемување на инсулинот, вели тренерот и нутриционист Џеј Кардиело за Men’s Journal.

„Сладоледот може да биде корисен до два часа по тренингот“, наведува тој.

Хирургот д-р Кристи Фан верува дека има одредена вистина во тоа дека сладоледот е добар за закрепнување после вежбање, но предупредува: „Клучното прашање е колку напорно вежбавте? Ако не вежбате доволно и не јадете сладолед секој ден, тоа нема да се одрази добро на вашата форма“.

Може да го наруши сонот

Некои луѓе веруваат дека сладоледот им помага да се смират и побрзо да заспијат, но експертите велат дека ова е глупост.

Клучната студија објавена во Журналот за медицина за спиење вели дека јадењето храна со малку влакна и богата со заситени масти е поврзано со послаб сон и ноќен немир.

Конзумирањето повеќе шеќер, особено навечер, го намалува количеството на длабок сон. Ако треба да изедете нешто пред спиење, изедете банана која е богата со магнезиум кој го подобрува сонот.

Негативно влијае на расположението

Храната богата со масти и шеќер, како што е сладоледот, е штетна за мозокот.

Неколку студии открија корелација помеѓу диета со висок процент на рафинирани шеќери и ослабена функција на мозокот, па дури и влошување на симптомите на нарушувања на расположението како депресија, пишува д-р Ева Селуб на здравствениот блог на Харвард.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close