ЗАНИМЛИВОСТИ

Наградна игра на Гранд: Испраќај кодови и стани новиот Гранд милионер!

Како најлесно да станеш милионер? Се’ што ти треба е само добра инвестиција, идеја вредна милион денари или пак некогаш, само едно пакување од твоето омилено кафе. Гранд кафе трета година по ред ја организира наградната игра „Стани Гранд милионер“, во која секој од учесниците има можност да добие една од главните награди и да стане побогат за еден милион денари!

Гранд наградна игра

Почнувајќи од 24.08, секој купувач кој ќе отвори 200-грамски пакување од некој од производите на Гранд може да учествува во наградната игра „Стани Гранд милионер“.

Наградната игра „Стани Гранд милионер“ започнува на 24.08 и ќе трае до 21.12.2022. Во наградната игра учествуваат само пакувањата на Гранд од 200гр, односно: Grand Gold kafa 200 г, Grand Aroma kafa 200 г и Grand Strong 200 г. На самата амбалажа во внатрешноста на пакувањето е втиснат уникатен код кој лесно ќе го забележите. За да учествувате во наградната игра, испратете го кодот преку СМС на бројот 149 491 во форматот „GRAND(празно место)кодот од пакувањето“, или пак внесете го кодот на веб страната www.grandkafa.mk.

Секој ден Гранд ќе доделува вредни Гранд подарок пакети, секоја недела ќе доделува iPhone SE64 смартфон, додека секој месец од наградната игра по еден од учесниците ќе биде избран како нов Гранд милионер и ќе ја добие главната парична награда од еден милион денари. Во текот на наградната игра, секој ден ќе се извлекуваат по пет добитници на подарок пакети од Гранд, а до крајот на наградната игра ќе бидат доделени и вкупно 17 нови iPhone смартфони и ќе бидат извлечени четири нови Гранд милионери – по еден за секој месец од наградната игра. Да, навистина е толку лесно да се стане милионер!

А сега е време да се упатите кон најблискиот маркет и да ги побарате 200-грамските пакувања од производите на Гранд, да си направите вкусно и ароматично кафе со вашиот омилен вкус и да го испратите кодот преку смс или на веб. Со малку среќа, вие можете да бидете извлечени како добитник на една од главните награди од по еден милион денари! Испраќај кодови и стани новиот Гранд милионер.

Со среќа!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close