МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници ќе протестираат пред седиштето ЈСП

Пред седиштето на ЈСП во Автокоманда, дел од приватните превозници утрово од девет часот протестираат.

Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА рече дека по одржаниот состанок на лица од двете компании „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ одлучено е денеска да се протестира. Како што нагласи, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа и имаат трошоци.

Тие ќе бараат средба со директорот на ЈСП, а подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата.

Приватните превозници последните месеци од минатата година протестираа блокирајќи неколку сообраќајници во главниот град и барајќи исплата на заостанатите долгови. Откако не наидоа на разбирање кај градоначалничката на Град Скопје, побараа прием кај премиерот Димитар Ковачевски. Во меѓувреме, Град Скопје објави два јавни повика за приватните автобуски превозници, на кои немаше интерес.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close