МАКЕДОНИЈА

Почина Ферус Мустафов

Познатиот музичар и саксофонист Ферус Мустафов – легендата на ромската музика, по кратко боледување, починал синоќа во ГОБ „8 Септември“. Тој беше хоспитализиран во болницата по мозочниот удар на крајот на април.

Неговите пријатели и почитувачи веќе се простуваат од музичката легенда на социјалните мрежи кои се преплавени со објави за тажната вест.

Ферус Мустафов

Ферус Мустафов е роден во Штип во 1950 година, во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на 17-годишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. Ја напушта академијата откако на покана од бенд предводен од Тома Чрчев, оди на турнеја, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.

Во неговата богата музичка кариера има настапувано во голем број земји во светот, а снимил и десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Согласно неговата желба, Ферус ќе биде погребан на гробиштата во Штип.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close