МАКЕДОНИЈА

Новогодишните пакетчиња од Бимилк израдуваа повеќе од 750 деца од социјално загрозени и ранливи категории

Традиционалната новогодишна донација на пакетчиња од Бимилк и оваа година ги израдува децата од социјално загрозените и ранливи категории низ цела Македонија и придонесе за поголема радост и повесели празници.

„Радоста и безгрижноста е тоа што е потребно за празниците во секој дом, а посебно за децата кои најмногу ја чувствуваат празничната атмосфера но и недостатокот. Живееме во време на економска нестабилност и грижата за децата од социјален ризик треба да нѝ биде приоритет, нашата општествена одговорност, како компании да ја насочиме кон нив во секој момент и со секој повод. Придонесувањето за секое дете да ги почувствува среќата и задоволството на празниците е нешто на што сме посветени како компанија затоа што Бимилк е тука за децата и секојдневно придонесува за нивното добро здравје и безгрижно детство. Искрено се надевам дека како што Бимилк сѐ повеќе ја зголемува својата ангажираност околу подобрување на животните услови на децата и го проширува опсегот на тоа делување, така ќе се рашири и овој бран на споделување и придонесување за празнична радост за децата од социјален ризик“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во Бимилк.

Новогодишните пакетчиња направени од омилените производи на Бимилк, се поделени на повеќе од 750 деца згрижени во социјални и згрижувачки центри од целата држава. Во донацијата се вклучени Граѓанското здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Црвен крст Битола, Институт за Церебрална парализа – Битола, Здружението на граѓани Хоупгиверс, Ромското здружение Сумнал, Здружението за деца со посебни потреби Емануил плус, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Кохлеарно срце Велес, Дерја организација– Скопје, Аутизам ААМК и во СОС детско село.

Битолска млекара во својата општествено одговорна ангажираност континуирано спроведува донаторски активности преку кои помага за социјално ранливите категории и придонесува за воспоставување на социјален баланс. Со донациите се посебно опфатени децата од овие семејства за што компанијата соработува со повеќе невладини организации и здруженија и се обидува што поголем број деца да бидат дел од ваквите чекори.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close