МАКЕДОНИЈА

Наскоро започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена: Ова се правилата за верниците

Божиќниот пост започнува на 28 ноември и трае 40 дена до Божик, со кој православните верници се подготвуваат за прославата на раѓањето на Исус Христос.

Божиќниот пост има два важни аспекти, физички и духовен и ниту еден од нив, според свештениците, не треба да се игнорира. Божиќниот пост е воведен по примерот на самиот Исус Христос.

Божиќен пост

Според правилата на постот и според зборовите на свети Јован Златоуст, телесниот пост – односно воздржувањето од храна од животинско потекло – нема никаква корист за верникот ако не е поврзан со духовното. „Не ми кажувај: постев толку денови, не јадев ова или она, не пиев вино, одев во долг фустан, но кажи ни дали си од гневен човек постанал тивок, од жесток – кроток. Ако си полн со злоба внатре зошто го мачиш телото?“, зборовите на свети Јован Златоуст.

Божиќниот пост е воведен по примерот на самиот Исус Христос. Инаку, порано траел само седум дена, но на Сехристијанскиот собор во 1166 година било одлучено во иднина да трае 40 дена. Но, оние кои имаат здравствен или друг проблем поради кој 40 дена не можат да избегнуваат храна од животинско потекло имаат можност за т.н. „мал пост“, кој трае седум дена.

Од друга страна, кај нашиот народ отсекогаш постоел сомнеж – дали се грешни луѓето кои не постат?

Живееме во грев цело време. Таква е нашата приврзаност кон храната, одморот, релаксацијата, што од неа правиме идоли… Тоа резултира и со промискуитетен живот. А нашата секојдневна потреба, нашиот дух да дише, нашата секојдневна потреба е постот.

Човек кој не пости не си помага себеси. Не е точно да се каже дека греши. Да речеме дека не си помага да се ослободи од гревот. Постот е еден начин да се ослободиме од гревот.

Постот има две страни: физичка и духовна.

Телесен пост е воздржување од одредена храна и алкохолни пијалоци. Духовниот пост подразбира одрекување од секакви грешни и лоши мисли, желби и постапки.

Правилата на божиќниот пост се:

– За време на божиќниот пост не се јаде црвено месо, бело месо и јајца.

– Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кои се пости „на вода“.

– Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица, дури и ако празникот паѓа во среда или петок.

– Последната недела од божиќниот пост е построг, без употреба на риба, а по можност „на вода“.

– На Божиќ не се користи масло, ниту вино, но задолжително се пости „на вода“.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close