МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска се празнува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица или познат како Мала Богородица кој е еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица.

Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close