МАКЕДОНИЈА

15. Октомври – традиционално одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена

Во насока на обединување и подигање на свеста на руралните жени за нивната важна улога во локалните заедници и општеството, Националната федерација на фармери по 16 пат организира настан за одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври, каде што ќе присуствуваат 200 жени од руралните средини од осумте плански региони.

Оваа година настанот ќе се одржи на 15-ти октомври во Крушево во хотел Монтана со почеток од 11:00 часот. Настанот е поддржан од Шведската организација за развој We Effect и од Германската развојна соработка спроведена од GIZ.

На настанот ќе се доделат и признанија на успешни жени и здруженија на граѓани кои работат за подобрување на економската и социјалната состојба на жените во руралните области.

Оваа година настанот има и регионален карактер, така што организации од Македонија, како и од Албанија, Косово, Србија, Босна и Црна Гора ќе учествуваат на настанот, создавајќи регионална платформа преку потпишување на декларација за заедничко дејство за подобрување на економската и социјалната состојба на руралните жени.

На настанот ќе присуствуваат претставници на институции, организации од регионот и рурални жени од цела земја, а свои обраќања ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, амбасадорката на Кралството Шведска во РСМ, Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Германија во РСМ, Петра Дрекслер и видео обраќање ќе има министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Имено 15ти октомври е прогласен за Меѓународен ден на жената од руралната средина од страна на Обеднитетите нации во 2008 година.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close