Потребни состојки:
- 1 шоља (200ml) крем сирење
- 1 јајце
- 1/2 чаша шеќер
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 чаша брашно
Начин на подготовка:
Во еден сад ставете ги сирењето со јајцето и измешајте, додадете шеќер и повторно измешајте. Измешајте шолја брашно со прашок за пециво. Смесата ставете ја на набрашнета работна површина и со раце замесете меко тесто. Со тестото обликувајте топчиња со големина на орев (може и дебела кора со сукало и кругчиња со чашка за ракија) и ставете неколку топчиња во врело масло и пржете ги од сите страни додека не поруменат. Посипете ги крофните со шеќер во прав. Пријатно!