Здравиот и балансиран појадок влијае на енергијата и расположението во текот на целиот ден. Ова е особено важно по 40-тата година кога телото поминува низ природни промени кои влијаат на мускулната маса, густината на коските и способноста за регенерација на клетките.
Правилно избраниот појадок може да помогне во забавувањето на овие процеси и да му обезбеди на телото есенцијални хранливи материи што му се потребни. Затоа експертите советуваат да го започнете утрото со оброк богат со протеини.
Нутриционистот Сашко Дрвошански го сподели своето мислење за тоа која храна треба да биде дел од појадокот за луѓе над 40 години. Според него, идеалниот утрински оброк е оној кој што содржи висококвалитетни протеини и растителни влакна кои обезбедуваат долготрајно чувство на ситост и претставува совршено решение за да се издржи динамиката во текот на денот. Предлага Nutri Soup, вкусна супа, која се подготвува за помалку од 1 минута и има помалку од 100 калории! Добиена од сушен зеленчук, без ГМО и глутен, без вештачки адитиви и додатоци, иновативен производ кој е здрав, но и вкусен. Го има во две форми, со вкус на домат и мешавина од различен зеленчук. На овој начин ќе имате контрола на апетитот во текот на денот, а сепак да ја одржувате мускулната маса и метаболизмот да работи одлично, додава тој.
Зошто протеините се толку важни по 40-годишна возраст?
Протеините се неопходни на сите возрасти, но по 40 години нивната улога станува уште поважна.
„Како што старееме, губиме приближно 2% до 3% од мускулната маса секоја деценија, освен ако не преземеме конкретни чекори за да го спречиме тоа. Еден од најефикасните начини за неутрализирање на оваа загуба е да вклучиме висококвалитетни протеини во секој оброк, особено во појадокот“, објаснува Дрвошански.
Истражувањето објавено во „Journal of the American College of Nutrition“ покажа дека намалената мускулна маса не е поврзана само со слабост, туку и со проблеми како што се полоша состојба на кожата, побавно заздравување на раните и зголемена подложност на инфекции, а сето тоа во најголем дел е резултат на недоволен внес на протеини.

Колку протеини се потребни?
Дрвошански препорачува јадење помеѓу 25 и 30 грамапротеини за појадок.„Таа количина му обезбедува на телото аминокиселини потребни за обновување и раст на мускулите, а во исто време ви помага да останете сити подолго по утринскиот оброк“, додава тој.
Недостигот од протеини не влијае само врз мускулите, туку и врз мозокот, концентрацијата, расположението и способноста за ментално функционирање. Па ако се толку важни, нека бидат дел од нашата секојдневна исхрана.






