МОЈА КУЈНА

Посни ќофтиња од тиквички и компири: Јадење кое и најмалите ќе го обожаваат, спремно за момент

Доколку постите или немате многу време за подготовка, овој рецепт е направен за вас. Лесно јадење одлично дури и за топлите летни денови.

ќофтиња од тиквички и компири

Состојки:

  • 1 кг тиквички
  • 500 гр компири
  • еден куп свеж магдонос
  • сушен власец
  • бибер
  • сол
  • 2 чешниња лук
  • 100 грама брашно
  • масло

Подготовка:

  • Измијте ги и излупете ги тиквичките, па изрендајте ги на малку поголеми парчиња. Потоа посолете и ставете во цедалка да се исцеди вишокот вода.
  • Во меѓувреме сварете ги компирите со кора. Излупете го и изрендајте го на поголеми парчиња.
  • Во садот додадете тиквички, компири и еден куп свежо сечкан магдонос, сол и сецкан лук. Сè убаво измесете со раце.
  • Со раце оформете ќофтиња, па превртете ги во брашно и пропржете.

Наздравје!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close