МОЈА КУЈНА

Посно тесто за палачинки: Совршено меко и вкусно – брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде!

Речиси секоја домаќинка, дури и оние помалку вештите во кујната, имаат свој рецепт за палачинки. Иако не се омилени за правење на сите, едно е сигурно – сите сакаат да ги јадат.

Посно тесто за палачинки

Со оглед на тоа дека постот е во тек, за вас подготвивме рецепт за посна варијанта на палачинки која ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша вода
  • 1 чаша растително млеко (пр. од соја)
  • 1 кора од портокал
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • малку сол и шеќер
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

Измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па изматете ги со вода. Потоа постепено се додава од млекото од соја. По потреба прелијте уште малку млеко. Додадете сол, шеќер и рендана кора од портокал. Сè убаво измешајте со миксер. Во тава со малку масло пропржете ги палачинките. Наполнете ги со мед и јаткасти плодови или вашиот омилен џем.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close