МОЈА КУЈНА

Виталиа веган кремови: Инспирација за здрави оброци за време на Велигденските пости

Овој период за многумина што постат може да стане монотон избор кога се разботи за храната. Идеите честопати секнуваат, ама не мора да биде така.

Додека го практикувате постот, дознајте како Виталиа може да ви помогне да креирате извонредни и вкусни оброци без компромиси на вкусот и хранливоста.

Енергетски топки  со веган крем со кикирики и какао

Состојки:

2 лажици урми, ситно сецкани

2 лажици сува брусница, сецкана

4 лажици овесни снегулки Виталиа

прстофат сол

2 лажици Протеин веган крем со кикирики и какао Виталиа

Какао во прав

2 лажици мед

Упатство: Во длабок сад измешајте ги добро сите состојки додека не се спои смесата. Формирајте топчиња и валајте ги во какао во прав или во кокос по желба.

Оставете ги во фрижидер околу половина час да се стегнат и потоа сервирајте.

Вегански сладолед со крем со лешник и какао

Состојки: 400ml кокосово млеко

140g веган крем од лешник и какао Виталиа

2 лажици  јаворов сируп

1 лажичка екстракт од ванила

прстофат сол

Инструкции: Изблендирајте ги сите состојки додека не се добие хомогена смеса.

Во сад за замрзнување префрлете ја смесата и по желба додадете сецкани лешници.

Оставете ја смесата во замрзнувач барем 4 часа додека не се стврдне и се добие посакуваната конзистенција на сладолед.

Декорирајте со лажичка веган крем од лешник и сецкани лешници по желба.

Уживајте во секој залак, во секој вкус, и во секој миг на вашата посна авантура со Виталиа.

За повеќе посни рецепти и инспирација за здрави оброци, посетете го youtube каналот на Виталиа.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close