МАГАЗИН

Нов регионален хит потпишан од македонските музичари

Македонските автори Григор Копров (музика), Огнен Неделковски (текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман) се потпишаа зад песната „Ostat ću tvoj san” („Ќе останам твојот сон”) на новата хрватска музичка ѕвезда Теди Грубица.

Grubica

Оваа прекрасна балада, која дефинитивно станува нов регионален хит, е продолжетокот на континуираната соработка на маестро Копров со Теди Грубица, а финалето се очекува на крајот на септември, кога под закрилата на „Кроација рекордс”, најголемата дискографска куќа во регионот, ќе биде објавен деби-албумот на младиот пејач од Пула.

Теди е познат како еден од најперспективните млади пејачи на просторот на поранешна Југославија, чиј потенцијал е препознаен од големи автори.

Иако не открива многу за приватниот живот, со песната „Tebi pripadam” („Тебе ти припаѓам”) ја потврди врската со риечката пејачка Медеа.

Напишете коментар

Back to top button
close