МАГАЗИН

Моника Белучи се појави со својата ќерка на модна ревија во Париз

Познатата актерка Моника Белучи се појавија на модна ревија во Париз со нејзината ќерка Дева Касел. Дева се занимава со манекенство, а тие две ги воодушевија сите во Париз.

И двете блескаа во црно, а додека Моника избра класично црно сако и здолниште со длабок шлиц, нејзиниот наследник се појави во необична креација.

Многумина коментираа дека Дева очигледно ја наследила убавината од нејзината мајка, а на модната ревија сите погледи биле вперени во нив.

Напишете коментар

Back to top button
close