Пејачката Ана Ѓуриќ Констракта стекна голема популарност откако постигна голем успех на Евровизија. Таа успеа да го освои петтото место, што е најдобар пласман на нивната земја во изминатите девет години.
Многумина ги интересира кога пејачката ќе објави нови песни, но за жал немаше добри вести за своите обожаватели.
Таа истакна дека сега не е во позиција да создава и дека и недостига простор во кој може да размислува.
– Ми недостига досадата. Тоа е единствениот простор каде што можете да размислувате, за евентуално да продолжите да создавате. Сега не сум во таа позиција – истакна уметничката.
– Сега добивам награди, отворам и затворам изложби и давам мислења на различни теми – додаде пејачката за „РТС“ во свој стил.