Почина легендарната пејачка Бони Тајлер, гласот на „Total Eclipse of the Heart“

Легендарната британска пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст, потврдија нејзиното семејство и тим преку официјално соопштение.

Според објавените информации, Тајлер починала во болница во Фаро, Португалија, каде што се лекувала по итна операција на цревата. Во последните месеци таа беше во тешка здравствена состојба и извесен период беше ставена во индуцирана кома.

boni tajler bonnie tyler

„Семејството и тимот на Бони со скршени срца соопштуваат дека таа неочекувано почина синоќа во болница во Португалија како последица на болеста од која се лекуваше“, се наведува во официјалното соопштение.

Бони Тајлер, родена како Гејнор Хопкинс во Велс, остави неизбришлива трага во светската музика со својот препознатлив рапав глас и безвременските хитови „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“. Во кариерата долга повеќе од пет децении објави 18 студиски албуми и беше трипати номинирана за Греми наградите.

По објавувањето на веста, бројни музичари и јавни личности ширум светот ѝ оддадоа почит, истакнувајќи дека светската музичка сцена загуби една од своите најпрепознатливи и највлијателни рок-поп ѕвезди.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ