Свети Јоаким Осоговски е еден од македонските светители, кој се подвижувал во Македонија во XI век. Според преданието, бил соподвижник на светите Прохор Пчински, Гаврил Лесновски и Јован Рилски.
Во негова чест е наречен еден од најпознатите манастири во Македонија — манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.
Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на XI век а умрел најдоцна во почетокот на XII век.