Според официјалните бројки, 51 лице го загубиле животот а 148 повредени се во болница од кои 18 пациенти се во критична состојба.
Тошковски потврди дека трагедијата ја предизвикале искрите од пиротехника употребена за светлосен ефект, односно палење на кровната конструкција која била од лесно запаллив материјал.
-Во моентот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад, рече Тошковски.
-Со длабоката тага ја известувам јавноста дека до сега животот го изгубија 51 лице, повеќе од 100 се во болница. МВР ги презема сите мерки за утврдување на одговрност, рече Тошковски.
Како што појасни тој, во врска со настанот има и приведени лица.
Министерот најави редовни прес конференции за споделување на нови информации со јавноста и изрази сочувство до семејствата на настраданите.
Директорката на кочанската болница Кристина Серафимова се огласи за прв пат по трагедијата што се случи синоќа во ноќен клуб во Кочани.
Таа вели дека првиот повик го добила во 2 часот и 48 минути, а болницата веднаш била мобилизирана.
– Првиот повик беше во 2 часот и 48 минути наутро. Целата болница се мобилизираше, почна да ги носи првите пациенти. Бидејќи имавме помал број возила, директорот се обрати до градови од Источна Македонија, но и од Скопје и Велес.
Оние во тешка состојба се префрлени во штипската болница, а оние во уште потешки во Скопје. Беа прегледани околу 70 пациенти, рече Серафимова.
Таа рече дека жртвите биле на возраст меѓу 14 и 24 години.
– Во Кочани во моментов има 20 пациенти со полесни повреди, а над 50 се префрлени на клиники во земјава. Има многу загинати, но точниот број не може да се каже додека не се заврши идентификацијата. Некои од луѓето имаат лични карти, а други немаат. Починатите биле на возраст од 14 до 24-25 години. За повреди како нашата, тоа е од 18 до 23 години“, рече Серафимова.
Од друга страна на социјалните мрежи се јавува за информации кои велат дека бројот на жртви стигнал до 70.