ЗДРАВЈЕ

ДИЕТА НА ОПРА ВИНФРИ: Водителката ослабела дури 20 килограми без гладување

Кога неодамна Опра Винфри се појави на модна ревија во Италија, многумина не можеа да ја препознаат. Познатата ТВ водителка ослабе многу, а дури минатата година рече: „Време е за ресетирање, го чистам фрижидерот!“ Изгледа дека останала верна на својата намера, а програмата за слабеење функционира бидејќи со неа ослабела околу 20 килограми.

ОПРА ВИНФРИ

Проектот „Weight Watchers“ го започнала во 2015 година, кога имала дури 107 килограми. Како што објасни таа, тоа не е само диета, туку начин на живот, а диетата не е строга. Всушност, воопшто не се чувствувате како да се откажувате од ништо.

Како што истакна, јаде се што сака, дури и чипсови и тестенини, не се лишува од ништо, но има правило – ги внесува потребните состојки во согласност со одредени проценти. Опра дневно консумира 20% протеини, 30% здрави масти и 50% јаглени хидрати. Утрото обично го започнува со смути од бобинки, јаткасти плодови, сок од портокал и јогурт.

За слатки јаде неколку коцки чоколадо, кога и треба повеќе енергија, за појадок јаде тост со едно пржено јајце и две парчиња мисиркино месо или житарки со млеко и јогурт. За време на режимот за слабеење, за ручек јаде лесна супа, понекогаш плескавица со мисирка на скара, домати и ја збогатува со дополнителен зеленчук. Што се однесува до овошјето, таа има при рака неколку сецкани ореви, како и авокадо, банана, јаболка, праска и манго. За вечера јаде бело пилешко месо и ориз, тестенини со зеленчук на скара и печурки, може да додаде и малку пилешко или сок од домати.

Нејзината исхрана не значи гладување, туку јадење здрава и вкусна храна, поради што Опра на 69 години, како што вели, никогаш не се чувствувала подобро, а изгледа исто.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close