ЗАНИМЛИВОСТИ

На која возраст жените се најпривлечни, а на која мажите?

Резултатите од некои земји се изненадувачки. Што мислат луѓето за сопствената привлечност, се обиде да открие истражување кое опфати повеќе од 16.000 луѓе од осум земји.

Сите одговориле на прашањето колку години според нив имаат најубавите жени, а колку мажите.

Резултатите од истражувањето покажале дека испитаниците ги сметаат жените на 28-годишна возраст за најпривлечни, додека мажите се на врвот на привлечноста на 32-годишна возраст.

Истражувањето е спроведено во Италија, Германија, Франција, Шпанија, Велика Британија, Австралија, Канада и САД.

Интересно е што резултатите по земји биле сосема различни од вкупните резултати.

Според Американците, жените се најубави на 31 година, а мажите на 34. На спротивната страна се Британците, според кои жените се најубави на 23 години, а мажите дури десет години постари, односно на 33 години.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close