АСТРОЛОГИЈА

Кој е најатрактивниот дел од телото според хороскопскиот знак?

Вагите се исклучително згодни, особено одпозади, никој не останува рамнодушен на начинот на кој се движат и изгледот на нивниот задник. Кој е најатрактивниот дел од телото според хороскопскиот знак?

Овен
Овој знак често се карактеризира со убави веѓи. Некои Овни, благодарение на нив, делуваат бестрашно, а други имаат заводливо невин израз на лицето.

Бик
Многу често, Биковите имаат исклучително убави усни, тие се сензуални и магнетски привлечни. Тие можат да позираат и се крајно фотогенични со одреден мистериозен шарм.

Близнаци
Тие се благословени со магичен тен, па секогаш блескаат и привлекуваат внимание, дури и во голема толпа. Тие долго го задржуваат својот младешки изглед, за нив годините се само бројка.

Рак
Иако Раковите го „кријат“ својот стомак, астролозите тврдат дека припадниците на овој знак секогаш имаат убав стомак, дури и кога е малку пополн, а за нив тоа е најпривлечниот дел од телото.

Лав
Убавата коса е нивниот главен заштитен знак. Лавовите во хороскопот, како и тоа животно, имаат раскошна грива со која мавтаат каде и да се појават бидејќи знаат дека сите погледи се вперени во нив.

Девица
Девиците се одликуваат со многу чиста и блескава кожа, како на лицето, така и на телото, бидејќи имаат исклучително темелен режим на нега.

Вага
Вагите се исклучително згодни одпозади, никој не останува рамнодушен на начинот на движење и изгледот на задникот.

Скорпија
Ерогените зони се најсилното естетско богатство на една Скорпија. Скорпиите се одликуваат со особено убави и цврсти гради, дури и кога се мали.

Стрелец
Стрелците имаат истакнати рамења и убав грб, па затоа е препорачливо да изберете фустани и блузи кои ќе ги истакнат овие делови од телото.

Јарец
Создадени се за мини фустани и здолништа – нозете на Јарецот се совршено обликувани. Тие се карактеризираат со вретенести нозе кои е невозможно да не се забележат.

Водолија
Стапалата на Водолијата се најпривлечни. Имаат и фетиш за добар педикир, па едвај чекаат потоплото време да ги покажат стапалата во прекрасни сандали.

Риби
Ова е знакот кој ги има најубавите очи и тоа е првото нешто што сите го забележуваат кога ќе видат Риба. Нивниот изглед е донекаде мистериозен, но освен ведрина, носи и одредена доза на сексипилност.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close